Бехати Принсло за THVM (This Here Very Moment)

29 септември 2013

Девојката на Адам Левин креира колекција облека со ниски цени.

За прв пат тексас брендот THVM (This Here Very Moment), создавањето на својата нова колекција и го довери на славна личност, а тоа е Бехати Принсло. Резултатот е креирање на капсулна колекција насловена „ Behati inTHVM (This Here Very Moment)“. Линијата ќе биде претставена следната пролет во Њујорк, а вклучува шеснаесет парчиња, меѓу кои фармерки, маици, шорцеви, хеланки и јакни со цени кои не надминуваат 150 евра.

„Беше големо задоволство да се најдам и да ја искусам и другата страна на модното дизајнирање. Наместо секогаш да бидам онаа која ја носи облеката, сега ја имав улогата и на дизајнер, што е прекрасно искуство за мене. Мислам дека оваа колекција ме претставува мене целосно, мојот стил, начин на облекување, комбинации“...изјави Принсло.

 

 

Креативните директори на овој бренд Брајам Ким и Олга Назарова, изјавија дека соработката поминала како подмачкана, се согласиле буквално во се и во користењето на материјали, бои па и во дизајнот:

„Бехати има големи идеи и беше вклучена во творечкиот процес, па затоа можам да констатирам дека оваа колекција се издвојува од другите“,вели Ким.

Иако моделот особено уживаше во креативниот процес, сепак таа е свесна дека ја чека долг пат додека да успее во намерата да лансира самостојна модна линија.

„Креирање на моја сопствена линија е нешто што е моја идна цел, но сега за сега не е во план. Можноста и понудите да продолжам со креативни соработки во иднина е нешто особено ме возбудува. На овој начин јас навистина имам можност да ја изразам и презентирам мојата креативност“, рече Принло.

 

Објавено:
29 септември 2013
Категорија: 
Актуел