Бекам: Носев провокативна облека затоа што бев несигурна

16 јуни 2020

Викторија Бекам го прифати предизвикот на „Гардијан“ да одговара на прашања на студенти. Тие можеа да ја прашаат што ќе посакаат, но сепак во фокусот беа оние посветени на модата и нејзиниот стил.

Така, еден од студентите го интересираше како би го опишала својот стил сега, а како некогаш, на што Викторија одговори:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) onJan 24, 2020 at 5:08am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) onJan 10, 2020 at 6:04am PST

„Кога пеев во групата „Спајс Грлс“, имавме стилист кој го одредуваше изгледот на целата група. Но, истовремено, во приватниот живот носев фустани со корсети и изразено тенка половина. И денес имам некои од тие фустани, но со годините, мојот стил стана многу полежерен. Секогаш носев многу тесна облека, провокативна, носев сè што би ја нагласило мојата фигура, а тоа беше одраз и знак на мојата несигурност“.

И навистина, витката фигура и бујното деколте беа нејзините главни атрибути кои речиси и не пропушташе шанса да ги истакне. Но, кога направи професионален пресврт и се посвети на модната индустрија, односно бренд кој го носи нејзиното име, доживеа и модна преобразба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onNov 15, 2019 at 9:18am PST

„Повеќе не можам да се движам наоколу во високи потпетици. До неодамна го можев тоа, но поминувањето цел ден во студио, тоа што сум мајка и сопруга веќе не ми дозволуваат таков начин на облекување. Се сеќавам кога првпат дојдов на ревија во предимензионирано одело и патики. Сите полудеа бидејќи првпат ме видоа да носам такви обувки“, признава дизајнерката.

Таа додава дека таа промена се однесува и на фактот дека сега е сигурна во себе и бира облека која пред сè ќе ѝ овозможи удобност.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onSep 30, 2019 at 3:45pm PDT

„Знам што ми одговара и во што се чувствувам најдобро. Кога изгледа добро. Носам тоа што ми е удобно, а истовремено сум и задоволна со својот изглед. Денеска немам веќе потреба да се докажувам со облеката.  Следете го секогаш својот инстинкт, тој секогаш ќе ве однесе на вистинскиот пат“, е советот кој Бекам им го даде на студентите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @culture_over_clout onMay 16, 2020 at 8:37am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by “FOR EVERYONE” (@ourfaveshit) onMay 30, 2020 at 5:33am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Video Seductress (@_gemini_aesthetic) onMay 27, 2020 at 7:38am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yahoo Style UK (@yahoostyleuk) onApr 17, 2020 at 1:01am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 90s ICONS VINTAGE FASHION (@pooshdiddy) onApr 12, 2020 at 12:34pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by THE FASHION.COM (@thefashion.com_) onApr 6, 2020 at 6:17am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirlsmgmve) onJun 15, 2020 at 4:11pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@celebritestan) onJun 15, 2020 at 4:06pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by L'Officiel Hommes Brasil (@lofficielhommesbr) onJun 15, 2020 at 6:14am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by VICTORIA BECKHAM FRANCE (@victoriabeckhamfrance) onJun 15, 2020 at 1:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Caitlin uk (@spiceupyourlife1000) onJun 14, 2020 at 11:21pm PDT

 

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
7.057 пати