Модната дизајнерка има намера да лансира нова линија на спортски парчиња за чија инспирација послужи есенската колекција од 2013 година „BJ Kicks A”. Иако дизајнерката оваа линија ја планираше за минатата сезона, сепак за спремањето на истата беше потребно повеќе време.
Но затоа оваа есен Бетси ќе ја лансира спортската линија во која ќе се најдат хеланки од спандекс, јакни, панталони и маици. Парчињата ќе бидат со богати текстури и дезени, пеплум форми, транспарентни материјали и корсети. Бетси Џонсон никогаш не била голем фан на теретаните и фитнесот, но сепак со оваа колекција сака да ги поттикне луѓето да се посветат на спортскиот живот, а воедно вежбањето да го направат хоби со интересни парчиња облека.
Спортската облека ќе може да се купи во продажните салони на Нордстром, на нивниот онлајн шоп и на официјалната страна на Бетси Џонсон, а цените ќе се движат од 49 до 120 долари. И секако за крај, Бетси ветува голем број парчиња во розова боја!