Безвременската Џоан Колинс советува: Не е тешко да изгледате феноменално!

16 декември 2013

Прекрасната актерка Џоан Колинс ги советува жените од сите генерации како да изгледаат беспрекорно во секоја прилика. Таа вели дека никогаш во животот не дозволила годините да ја ограничуваат во нејзините желби бидејќи облеката е нејзината страст, нејзината опсесија.

„Облеката на светот му покажува што всушност вие мислите за себе. Некои луѓе мислат дека стилот и елеганцијата не се важни, но јас не мислам така. Обожавам кога луѓето ме гледаат, бидејќи се издвојувам од другите, бидејќи скоро сите се облекуваат идентично. Јас не сакам да изгледам исто како другите, што значи дека не сум опседната со мода – иако, како и другите жени, и јас понекогаш правам грешки“, вели Џоан.

Таа посочува дека главна грешка на жените од сите возрасти е тоа што се обидуваат да го ископираат стилот што го диктираат модните магазини, а не сите можат да се вклопат во тој шаблон.

„Поголемиот број парчиња облека денеска се дизајнирани од мажи кои не знаат што точно и е потребно на жената. Тие прават облека за високи и слаби тинејџерки и ако градите ви се малку поголеми, таа облека вам нема да ви одговара. За жал, поголемиот број дизајнери не мислат на постарите жени кога дизајнираат облека. Јас секогаш се облекувам така што ги истакнувам моите атрибути, онака како што гламурозните кралици на Холивуд го правеа тоа. Што и да купувате, погрижете се тоа добро да ви стои, а не истото да биде во тренд“, советува Џоан.

Според нејзините зборови, треба долго да се гледате во огледало и да не бидете строги кон себе. Секогаш обидете се да го најдете она најубавото во себе.

„Можеби сте малку полнички, но затоа имате совршена кожа. Во тој случај треба да ја истакнете. Маичката со ракави до лактите и широкиот околувратник тоа ќе го направи совршено. ОД друга страна пак, ако сте слабички, истакнете ја вашата половина. Ако имате убави дланки и прсти, истакнете ги со многу прстени, нараквици и сјаен лак за нокти. Важно е да знаете кои бои ви прилегаат најмногу. Бидејќи јас сум бринета со светла боја на кожата, можам да носам црно и бело, но и пастелни бои како виолетова, нежно портокалова и розова. Црвената, зелената и сината не ми прилегаат добро и не сакам да ги носам. Што се однесува до принтовите, знам дека не ми прилегаат добро и дека не секогаш тие се вистинскиот избор за сите“, појаснува Џоан.

80 – годишната Колинс вели секогаш мора да се облекуваме онака како што им доликува на нашите години. Доколку повеќе не сте тинејџерки вели Колинс, не носете мини здолништа и панталони со низок струк.

„Јас најмногу сакам да носам здолништа до колена и панталони со висок струк. Запаметете дека треба да се облекувате во согласност со вашите години, но тоа не значи и дека треба да се облекувате старомодно. Елегантниот фустан со светки е добар избор. Светките се тајното оружје на жените, тие ја рефлектираат светлината, ја прават кожата посветла и ве издвојуваат од масата луѓе. Црниот фустан исто така е супер. Модните критичари понекогаш велат дека се обелкувам многу смело, но јас мислам дека секогаш сум елегантна и во рамки на дозволеното за моите години“, вели актерката.

Елегантен, црн фустан

„Поголемиот број мои фустани не се многу скапи и не сакам да давам многу пари на облека. Бразлетните и малите дијамантски обетки се мојот омилен избор на накит во секоја комбинација, а особено кога носам црн, елегантен фустан што едноставно го обожувам кога имам важни настани“, вели Џоан.

Нејзиниот избор се и чевли со висока потпетица од пет до седум сентиметри. Таа додава и дека накитот на чевли секогаш може да изгледа интересно.

Нозете нека бидат откриени, но не и голи!

„Сакам да носам транспарентни хулахопки. Имам среќа што нозете ги наследив од мајка ми и баба ми, кои беа танчерки. Во зима, нема ништо поелегантно од црни хулахопки и чизми до колена“, посочува Џоан.

Фенирање

Џоан никогаш не криеше дека сака да носи перики. „Периките штедат многу време и не се штетни за косата. Нема ништо полошо од косата што изгледа измачено и оштетено. Имам нежна коса која многу лесно го губи волуменот и лесно се отпушта. Најчесто косата ја носам фенирана, а кога не стигнувам да го сторам тоа, ставам шешир“, вели Колинс.

Мојот заштитен знак се потполнките

joan-kolins

Џоан смета дека традиционалните потполнки од „Династија“ одговараат на нејзината фигура, како и јакните што ја притискаат половината и прават таа да изгледа помала.

„Пред некој важен настан, не јадам јаглехидрати за да намалам некој килограм. Ако ослабете само пет килограми, веднаш ќе изгледате 10 години помладо. Не си кратам себеси ништо, обожавам чоколада на пример, но клучот на успехот секогаш е во умереноста“, вели оваа искусна и дама со безвременска убавина.

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел