Би носеле ли иста комбинација со момчето?

22 ноември 2018

На многумина не им се допаѓа трендот на носење слични или исти комбинации со момчето/девојката, но профилот на Young Emperors е нешто сосема поинакво.

Иако Нелсон и Изабела се облекуваат речиси идентично, нивниот избор на парчиња прави тие секогаш да изгледаат шик, што дури и не ни пречи што наликуваат еден на друг.

Инаку, тие и двајцата се фотографи, па оттука фантастичниот избор на фотографии на нивниот профил, а имаат и одличен стил што само придонесе тие да станат вирално популарни.

Тие многу често знаат да носат унисекс парчиња како светли ретро фармерки, бели памучни маички, широки крем палта, капи и многу модни додатоци.

Инаку, во Јужна Кореа е исклучително популарно сличното облекување со парнерот за да му покажат на светот дека тие се едно. Но, овој тренд е популарен и во други земји, а очигледно стигнал и до Европа.

Ако од насловот веднаш си помисливте на Бритни и Џастин, овој текст ќе ве разубеди дека некогаш носењето слични парчиња со момчето може да биде кул.

 Фото: Instagram

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
323 пати