Би влегле ли во оваа продавница?

21 јануари 2014

kukli prirodni

Изминатата недела во продавницата „American Appare“ на Менхетен, во излог се појавија кукли кои сосема отстапуваат од сите досегашни стандарди и модели. Покрај тоа што носат очила, овие кукли имаат и долна облека, што пак смело го прикажува природниот изглед на интимните делови на жената.

Со оглед дека во последно време се води полемика околу депилацијата на бикини зоната и нејзиното штетно влијание, по се изгледа дека и оваа продвница се противи на трендот и смета дека влакната имаат своја функција и треба да постојат во интимната зона.

Тоа го кажува и Камерон Дијаз во својата книга за телото. Но, од друга страна постојат и големи поддржувачи на депилацијата.

Кој е во право, кој е за, а кој против, заклучете сами. Но што се однесува до естетиката, пред една деценија бујното меѓуножје никому не претставуаше проблем. Напротив се сметаше за секси. Сепак, дојдоа нови трендови.

Веста за споменатите кукли се прошири многу бргу, како во Америка, така и во светот. Критичарите ги оценија куклите како „коректни“, соодветни на реалноста, додека минувачите останаа збунети со она што го гледаат.

Како ви изгледа вам?

Објавено:
21 јануари 2014
Категорија: 
Актуел