Бидете дел од 8-мото Бизнис Кафе

21 јануари 2015

Мотивацијата и професионалното надоградување се едни од клучните фактори за континуиран прогрес во деловниот свет.

По тој повод утре со почеток во 18.00 часот во кафе-ресторанот Evеry day ќе се одржи осмото по ред Бизнис кафе Македонија, на кое ќе имате можност да ги чуете искуствата за патот кон успехот од Г-динот Роберт Орданоски (директор на АЕК ), Г-ѓа Елена Пандева (Елена Лука) и Г-динот Митко Керамитчиев (Interconn UBS).

Дружењето трае 2 до 3 часа, од кои еден дел од времето е резервирано за гости, успешни сопственици - претприемачи, кои во опуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speeddating) и дружење.


Учесниците на бизнис кафето ќе имаат можност да остварат нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

Нe заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!
Билетите за оваа средба можете да ги купите исклучиво online наwww.kupikartizase.com/Events/business_cafe_8 по цена од 300 денари.

Објавено:
21 јануари 2015
Категорија: 
Актуел