Бидете хумани, купете рачно изработени аксесоари

31 мај 2013

Вчера во дворот на Дневниот центар се одржа базар на рачни изработки, а собраните сретства ќе бидат наменети за прошетка и ручек на корисниците на Матка по повод седум години од отварањето на центарот. Проектот е подржан од Заводот за социјална работа Скопје, финансиран е од Комерцијална банка и е во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија. Во Дневниот Центар последните три месеци се одржаа повеќе работилници во кои покрај вработените, учевствуваа и родителите на децата, а свој придонес дадоа и голем број волонтери од Црвениот Крст од Гостивар. За таа цел се изработуваа перници, накит, обетки, алки и огрлици.

Продажбата ќе ја продолжат волонтерите од Црвениот крст, а се планира и интернет продажба. Се повикуваат сите граѓани да бидат дел од овој проект и преку купување на аксесоарот да придонесат во реализација на сонот на корисниците на Дневниот центар во Гостивар. Сите заинтересирани може да ја посетат Фејсбук страната на Дневниот Центар и од таму да се информираат за начинот на кој може да им помогнат на децата со посебни потреби -https://www.facebook.com/dnevencentarqendraditore.gostivar?fref=ts

Објавено:
31 мај 2013
Категорија: 
Актуел