Бијонсе и Џеј Зи летуваат во Хрватска: Поп дивата роденденот го прослави на јадранското крајбрежје

7 септември 2020

Славниот пар Бијонсе и Џеј Зи последните денови од летото ги поминуваат на јадранското крајбрежје во Хрватска. Поп дивата 39-от роденден го прослави заедно со нејзиниот сопруг на хрватскиот остров Галешњак, познат уште како и „Островот на љубовта" поради неговата форма налик на срце, пренесува хрватскиот магазин zadarski.hr.

Тие летото го уживаат на луксузната јахта „Лана" долга 107 метри, а токму Бијонсе и Џеј Зи се меѓу првите нејзини гости.

Според информациите што ги пренесуваат хрватските магазини, гостите на јахтата ги служи професонален екпаж кој брои 31 член, а нејзиното изнајмување за една недела со сите дополнителни трошоци чини речиси два милиони евра.

Инаку ова не е прво летување на славниот пар во Хрватска, туку напротив тие се познати како големи обожаватели на јадранското крајбрежје, па досега неколкупати летото го поминувале на дестнации во Хрватска.

 Фото: Инстаграм

Објавено:
7 септември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.397 пати