Бијонсе триумфираше на MTV VMA 2016, а Ријана покажа зошто е модно гуру

29 август 2016

MTV Video Music Awards (VMA) што важи за еден од најзначајните настани во музичката, но и модната индустрија, се одржаа вчеравечер во Медисон Сквер во Њујорк, каде се сумираа резултатите за тоа кој владееше со музичката сцена годинава.

Сосема очекувано, тоа беше Бијонсе, која триумфираше на листата на наградени со дури седум VMA статуетки, меѓу кои и за: Видео на годината (Formation), Најдобра кореографија (Formation), Најдобра кинематографија (Formation).

На фамозниот црвен килим таа се појави во екстравагантна макси тоалета од последната „haute couture" линија на Франческо Скоњамилио, богато украсена со дијаманти и деликатен детаљ од пердуви околу вратот, а друштво и правеше нејзината четиригодишна ќерка Блу Ајви која стилски секако беше компатибилна со нејзината мајка.

Бијонсе со појави во уште неколку различни аутфити на сцена, а како и секогаш имаше фантастични сценски перформанси на дел од песните од нејзиниот последен албум „Lemonade".

Еден од највпечатливите моменти на годинешниве VMA's беше маратонскиот говор на Дрејк посветен на Ријана, во кој не пропушти да спомне дека е вљубен во неа уште од неговата 22-ра година. Тој ѝја врачи престижната награда „Michael Jackson Vanguard“.

А Ријана со право ја носи етикетата модно гуру на новата генерација. Нејзиниот став и самоувереност на сцена се нејзиниот главен адут, па можеби поради тоа се што ќе облече на неа добива поинаква димензија. Особено беше впечатлива во предимензионираниот мантил-фустан со масивен ремен околу половината од Александре Вотјер.

Но, не сите прават успешен избор за црвениот килим. Честопати се случува на таа долга трака за медиумско експонирање да видиме и такви изданија кои како да не припаѓаат на тоа место или време. Вчеравечер таков беше примерот со Ким Кардашијан и Бритни Спирс, кои со оглед на тоа дека се глобални ѕвезди зад кои стои огромен тим на соработници, направиле несоодветен и во најмала рака веќе виден избор за нивниот аутфит.

А она што доминираше на црвениот килим беше: голотија. Годинава ѕвездите одбраа да покажат малку повеќе кожа, и најчесто што можевме да видиме беа транспарентните фустани украсени со светкави детали или везови. Во галеријата ќе имате можност да видите поголем дел од нив, како и дел од сценските перформанси.

Дел од наградените:

Видео на годината:
Бијонсе – Formation
Најдобро женско видео
Бијонсе – Hold Up
Најдобро машко видео
Келвин Харис – This Is What You Came For
Најдобра соработка
Фифт Хармони и Тај Дола Сајн – Work From Home
Најдобра кореографија
Бијонсе – Formation
Најдобра кинематографија
Бијонсе – Formation
Најдобри визуелни ефекти
Колдплеј – Up&Up

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.977 пати