Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак

4 мај 2021

Бил и Мелиндa Гејтс соопштија дека се разведуваат по 27 години брак, велејќи дека ...„повеќе не веруваат дека можат да растат заедно како двојка.“

Основачoт на Мајкрософт и филантроп Бил Гејтс и неговата (наскоро поранешна) сопруга Мелинда, имаат богатство со тежина од околу 124 милијарди амeрикански долари, а со тоа котираат високо меѓу 5-те најбогати луѓе во светот. 

На Твитер профилот на Гејтс, беше објавена изјава за разводот, која ја сподели и Мелинда.


 „По долго размислување и работа на нашата врска, донесовме одлука да ставиме крај на бракот. Изминативе 27 години израснавме 3 неверојатни деца и изградивме фондација која работи ширум целиот свет, како би им овоможила на сите луѓе здрави и продуктивни животи. Продолжуваме да веруваме во таа мисија и да работиме заедно на фондацијата, но не веруваме дека можеме и понатаму да растеме како двојка во оваа фаза од животот. Ве замолуваме за простор и приватност за нашето семејство во овие моменти кога тргнуваме кон нови животи.

Мелинда Гејтс и Бил Гејтс“

 

Двојката заедно ја создаде и водеше „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“, голем заложувач за глобалното здравје и иницијативи за спречување болести. 

Бил Гејтс го создаде Мајкрософт во 1975, а првите милијарда долари ги заработи во 1987 година на 31 годишна возраст. 

Истата година ја запозна Мелинда во Њујорк, која тогаш имала 23 години. Се венчаа во 1994 година, а според изворите, двојката нема потпишано предбрачен договор.

Во неколку интервјуа последниве години, Мелинда има изјавено дека имаат потешкотии во бракот, најмногу поради Бил кој не успева ги одвои приватниот живот и работата и фактот дека поминува многу малку време со семејството. 

Бил и Мелинда имаат три деца, Џенифер (25) Рори (21) и Фиби (18). 

Објавено:
4 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
273 пати