Битолчанки воодушевени од блогерката Зорана

29 јули 2014

1

На големо задоволство на битолчанки кои се познати како големи вљубенички во модата и убавиот стил, минатиот четврток  во Битола, во овој град гостуваше  најпопуларната модна блогерка од Србија Зорана Јовановиќ.Нејзиниот блог кој досега го посетиле преку 15 милиони интернет посетители од светот, а голем дел од нејзините следбеници се и токму битолчанки.

5

Одѕивот за другарување со Зорана на Широк Сокак беше голем, а битолчанки оваа средба ја искористија на најдобар можен начин, информирајќи се за модата и секако, фотографирајќи се со блогерката.

Таа низ еден опуштен разговор зборуваше за модата, за блогерството кое е нејзина примарна професија од која егзистира последните години, за новите трендови во модата, уличната мода, овдешните и  светските модни икони, модните недели во Париз и Милано,  а присутните битолчанки беа воодушевени и  од бројните совети што Зорана им ги посочи.

3

Како пренесуваат организаторите од „Битолски весник“,Зорана била вистинска атракција низ битолските улици, а и самата Зорана била воодушевена од топлиот прием во градот на конзулите. Таа на средбата се појави во фустан со принт со очи, еден од актуелните трендови последните две сезони.

7

За тоа како си поминала во Македонија, Зорана веќе сподели со нејзините обожаватели, објавувајќи фотографии на нејзиниот блог, како и неколку видеа.

4

2

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Актуел