Благодарам, јас не готвам: Прирачник за гурманите на новата ера!

24 ноември 2014

Иако суровата и здрава храна стана тренд во последно време, во својата срж таа е многу повеќе од тоа. Суровите јадења не се само вид на исхрана, туку тие се и начин на живот и специфичен поглед кон светот.

 

Зад хрватскиот готвач „Благодарам, јас не готвам: практичен прирачник за гурманите на новата ера“, се крие Марина Зрнич, која сопственото тело пред три години ја натерало да го открие овој вид на исхрана, пишува хрватско Буро 24/7.

 

Откривањето на вкусот на суровата кујна, што носи неверојатни предности за вашето тело, за неа било интересно и позитивно искуство, бидејќи самата ќе каже: „Се сеќавам на првите сурови лазањи што ги направив и огромното изненадување за тоа како може да се направи такво вкусно јадење од тиквички, пиперки и домати“, вели Марина.

Покрај тоа што ваквата исхрана ќе ви овозможи уживање во сосема нова палета на вкусови, суровата храна ќе му донесе многу благодети на вашето тело.

„Ваквиот вид исхрана на многумина им помогна при лечењето на дијабетес, рак, артритис и многу други болести, а истата ќе ја врати и вашата природна тежина без никакви диети. Секако, доколку сакате да ги почувствувате здравствените предности на овој вид исхрана, не мора да ја консумирате во целост, а токму во мојот прирачник, објаснувам зошто е тоа така и давам многу совети, како да се извлече најдоброто од суровото“, открива Марина.

 

Идејата на нејзиниот одличен прирачник/готвач, е секој повторно да ја пронајде врската со свежата и достапна храна. Преку користењето домашни видови на овошје и зеленчук и различна свежа храна, секој може да направи возбудливи јадења за секој ден, со кои на еден сосема поинаков начин ќе ги задоволите вашите непца.

 

Во истовреме, оваа храна ќе биде одлична и за вашето тело од здравствен аспект.

Во прирачникот на Марина ќе најдете вкупно 24 рецепти поделени во две категории: нискомаслени и гурмански. Во истиот се сместени рецепти како сурови лазањи, палачинки со чоколаден крем, сурова пица, француска салата, пита од јаболка, бурито, сладолед, пудинг од тикви, шпагети и многу други неочекувани јадења од овошје, зеленчук, семе и јаткасти плодови.

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Актуел