Блејк Лавли го носи најубавиот зелен костим што сте го виделе

18 август 2018

Во моментов таа го промовира нејзиниот нов филм „A Simple Favor“ во кој глуми заедно со Ана Кендрик, а сосема очекувано, кога и да се појави, изгледа совршено.

На последната промоција во Њујорк, прекрасната Блејк Лавли се појави во неверојатно добар костим во сосема неочекувана зелена боја, која се чини дека ќе стане голем хит за кратко време.

Позната по одличните комбинации во кои речиси и да нема грешка, таа и овојпат докажа дека е една од најстилските дами во Холивуд со неверојатно добар вкус.

Одличниот костим таа го комбинираше со плетена блузичка во иста нијанса, колоритни и украсени високи потпетици, впечатливи обетки и накит во неодолива сина нијанса и високо крената плетенка.

Официјалната премиера на нејзиниот нов филм треба да се случи на 14 – ти септември, а истиот ја раскажува приказната за Стефани, мајка – влогер чиј лик го толкува Ана Кендрик, која ја бара нејзината пријателка Емили (Блејк Лавли) која ненадејно исчезнува од нивниот мал град.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
18 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.271 пати