Блесна и „Сваровски“ елката во Милано

11 декември 2020

Седма година по ред, брендот „Сваровски“ подарува елка во галеријата „Vittorio Emanuele II“ во Милано.

Изборот на местото не е случаен, бидејќи оваа галерија е една од омилените на жителите на италијанскиот град, но воедно е и одраз на уметноста, убавината и креативноста, како симболи на повторно раѓање после оваа тешка година.

Воедно, со оваа елка брендот одбележува и 125 години постоење.

Како пренесуваат италијанските медиуми, новогодишното дрво наречено  „Дрво на светлоста“, претставува љубовно писмо на креативниот директор на брендот на глобално ниво, Џована Енгелберт до сите граѓани на Милано. Воедно е потсетник на топлината и традицијата, упатувајќи им отворен повик на посетителите на галеријата за време на празниците да замислат подобра и посветла иднина.

Инспирацијата за декорацијата на елката висока 12 местри е и вечната светлина, чувството на можни чуда за Божиќ како и светлината на зората што ја носи новиот ден.

За реализација на украсувањето на елката биле искористени и рачно изработени кристални украси инспирирани од небесни мотиви и сијалички, а сместена е под „Небескиот свод“ - впечатлива инсталација која ја осветлува кристалната купола на галеријата и предизвикува восхит кај посетителите, кои ќе имаат шанса ѝ се воодушевуваат до 6 јануари.

Погледнете:

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by everydayluxs (@everydayluxs)

 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Virgi Natrella (@virgisphoto)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by La KRi (@lakri_81)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SWAROVSKI (@swarovski)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SWAROVSKI (@swarovski)

Објавено:
11 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.304 пати
Тагови: 
Сваровски