Блогерите и твитерџиите од Македонија ќе се наградуваат по третпат
•
18 ноември 2014
Најголемиот и најпознат агрегатор на блогови во Македонија „блогираме.мк“, го отвори гласањето за третото по ред доделување на награди за Твитер и блог корисниците од Македонија.
Доколку сакате да го дадете својот глас за некои од вашите фаворити и имате Фејсбук, Твитер или корисничка сметка на Блогираме.мк, тоа можете да го направите на следниот линк: Blogirame.mk/glasanje
Свеченото доделување на наградите за победниците ќе се одржи на 13 – ти декември 2014 година.