Блогерката Христина Мицевска на ревија на Џамбатиста Вали во Париз

4 октомври 2016

Познатата австриска блогерка со македонско потекло Христина Мицевска полека, но сигурно ги остварува своите соништа.

Во соработка со брендот Лореал таа беше гостин на неодамнешната ревија на светски познатиот бренд Џамбатиста Вали во рамки на модната недела во Париз.

Како и секогаш, таа се појави во беспрекорен стајлинг составен од нежна кошулка во есенска нијанса комбинирана со лежерно бело здолниште од тантела и Гучи чевли.

Девојката која веќе неколку години стои зад блогот Fleur de Mode одлучи комбинацијата да ја украси со накит во златни нијанси составен од кружни обетки, алки и елегантен часовник.

Што се однесува до шминката и фризурата, како и секогаш, таа одбра минимални и нежни нијанси на сенки и впечатлив кармин, додека фризурата беше едноставна и собрана во репче во долниот дел.

Како што самата напиша под објавената фотографија, ова е остварување на нејзините најголеми соништа уште откако за прв пат ги видела совршените фустани на големиот Џамбатиста Вали.

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.241 пати