Блогерката Кјара Ферањи доби своја кукла

31 август 2016

Уште еден показател за тоа колку модното блогерство во светот е влијателно и развиено, говори и фактот што популарната Кјара Ферањи доби кукла со нејзин лик.

Се работи за Барбика, за која дизајнерите велат дека не им било воопшто тешко да ја направат.

-Беспрекорната фигура, долга коса, убавината што ја одликува оваа блогерка ни ја олесни работата – ќе кажат дизајнерите.

Ферањи пак, не крие дека е пресреќна поради новите случувања.

-Го исполнив сонот – напиша блогерката на својот Инстаграм профил.

Инаку Барби Кјара има изразено темни веѓи, долги трепки и секако, модерна облека – „скинати“ фармерки, топ и кожена јакна, како и штепувана чанта на синџир, што неодоливо потсетува на легендарниот модел на „Шанел“.

Промоцијата се случи во куќата на блогерката на Беверли Хилс, каде „присуствуваше“ и оригиналната Барби, која не ја пропушти можноста да направи селфи со својата нова другарка.

Досега свои „Барби“ изданија имале голем број познати ѕвезди, меѓу кои и пистелката Џ.К. Роулинг, Бијонсе, Ники Минаж, Мерилин Монро (1997), Одри Хепберн (1998), Шер (2007), а сега им се придружува и Кјара, со што прв пат во историјата се прави ваква кукла според модна блогерка.

Блогерката може да се пофали дека месецов и беше и повеќе од успешен, бидејќи освен куклата, таа направи уште еден историски момент за нејзината кариера, појавувајќи се втор пат на насловна на „Вог“. Се работи за турското издание на магазинот за месец август, а првото искуство го имаше за шпанското издание минатата година.

Исто така, Ферањи периодов е зафатена и со промовирање на есенската колекција на модни додатоци со нејзин потпис.

Објавено:
31 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.874 пати