Блогерката Леони Хана ја рекреираше познатата сцена од филмот Breakfast at Tiffany's

14 декември 2023

Германската блогерка Леони Хана е една од првите инфлуенсерски на Инстаграм, а зад неа стои бројка од пет милиони следбеници.

Таа и нејзиниот партнер Александар Галиевски, кој е задолжен за сите креативни објави, направија мала империја.

Леони ја сакаат и челните луѓе на светските модни куќи и таа е чест гостин на нивните ревии.

Поради својата обемна работа мораше да ја смени адресата на живеење од Хамбург во Лондон за да биде поблиску до модните збиднувања.

Заштитен знак и е платинесто русата коса, а благодарение на нејзината ситна градба одлично може да ја износи секоја комбинација.

Присутна е и на филмските фестивали, ревиите од високата мода, каде често со својот стајлинг ги надминува останатите.

Леони неодамна беше и гостинка на отворањето на новата Tiffany&Co продавница во Берлин, а за таа пригода ја рекреираше познатата сцена со Одри Хепберн од филмот Breakfast at Tiffany's.

Блогерката се погрижи за аутфитот да биде во согласност со тој на Одри – мал црн фустан, црни ракавици, очила за сонце и секако скап накит.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leonie Hanne (leoniehanne)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leonie Hanne (leoniehanne)

Објавено:
14 декември 2023
Категорија: 
Актуел