Блуза на Лејди Ди е продадена за повеќе од 53.000 долари

15 јули 2019

Принцезата Дајана имаше бројни беспрекорни модни изданија, на кои се сеќаваме и денеска. Но, сепак една блуза успеа да го привлече вниаммнието.

Имено, на аукцијата во Калифорнија, темносина блуза со натпис Virgin Atlantic, од истоимената воздушна компанија е продадена за 53.532 долари. Тоа е речиси 10 пати повеќе од самата процена за цената за маицата. 

Идентитетот на купувачот е анонимен, но се знае дека парите ќе одат во добротворни цели, за помош во Африка.

 

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.190 пати