Бобан Илиевски награден за неговиот инвентивен спој на графичкиот со модниот дизајн

29 септември 2014

„When you feel  good, look good. When you feel bad, look GORGEOUS“

„Кога се чувствувате добро, изгледајте добро, а кога се чувствувате лошо, бидете прекрасни.“

Воден од овие зборови, младиот македонски дизајнер Бобан Илиевски кој стои зад брендот „Chic Undercover“ се чини дека полека, но сигурно почнува да го зацврстува своето место на модната сцена.

Имено, Бобан Илиевски со освоени 78 поени, за 13 успешно реализирани проекти ја доби Бугарската Модна Награда Eirene 2014 за поддршка на графичкиот дизајн како применета уметност и со тоа докажа дека неговото време допрва доаѓа.

„Во неколку наврати до сега имам кажано дека секој кој што со лажна скромност ќе каже дека не му значат наградите, излажал, иако далеку од тоа дека се пресудни, сепак значат и се некаква потврда за сечија работа особено нашава која што секогаш сум ја гледал под еднакво и како применета уметност и како бизнис“, вели младиот дизајнер.

Дали ова признание претставува доволен императив и силен стимул во градењето на неговата понатамошна кариера, Бојан вели:

„Во никој случај не треба да се императивот за кој што една индивидуа би работела, но одредена сатисфакција дефинитивно постои. Во мојот случај најголем императив ми се искрено се поголемиот број на клиенти кои што ја сакаат и ја бараат мојата визија за една добро облечена урбана стилски изградена девојка или жена. Нема поголем успех за дизајнер од циркулирањето на продуктот во толпа, а воедно и негово препознавање. Се останато е само пропратен плод, на добра формула за успех. Посебно поради моментот што кај вас всушност и не постои некоја категоризација ниту пак наградување во различни домени од модната индустрија, со чест на одредени исклучиво последните години. Не ја очекува искрено и крајно ме изненади затоа што е посветена токму на еден сегмент од моето работење на кое што сум посебно горд. Таа е всушност признание за успешно имплементиран графички дизајн како применета уметност во модните колекции што ги правам и по кои што можеби и ме препознаваат во последните неколку години“, завршува Илиевски.

Неговиот моден свет е полн со фантазија и ве носи на едно кул и шик возење, каде секоја дама може да си го препознае својот сензибилитет и чувство за стил. Честитки!

Од последната пролетно-летна колекција на младиот креатор Од последната пролетно-летна колекција на младиот креатор

 

 

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Актуел