Боја, боја и боја: Ова е празничната кампања на „Валентино“
•
23 ноември 2021
Познатиот бренд „Валентино“ за оваа празнична сезона предложува многу гламур и сјај.
Дизајнерот Пјерпаоло Пичоли неодамна ја претстави колекцијата „Party“, со која ја најавува и новата естетика на брендот.
За претстојниот период предлага светкави ткаенини и многу, многу боја и тоа пред се' впечатливи и интензивни нијанси, кои како вели, се совршен избор за сите смели и позитивни жени.
Во објаснувањето на брендот се вели дека одбраните бои ја истакнуваат свечената вибрација на сезоната, а воедно сакаат да пренесат радост и позитивна енергија.
Зад фотографиите се потпишува Пјетро Коко, а еве како изгледаат.