Боја на годината за 2020 ќе биде Bleached Coral?!

3 септември 2019

Креативната двојка од Мелбурн, Џек и Хју, со еден свој предлог го свртеа вниманието на јавноста, во поглед на бојата на годината.

Имено, Институтот за боја „Пантон“, за 2019 година ја прогласи Living Coral за Боја на годината. Оваа топла, мирна нијанса на портокалова и розова, се најде во архитектурата, модата...

Која ќе биде за 2020, Институтот се уште не објавил која нијанса би се нашла во фокусот, но Џек и Хју веруваат дека тоа би можела да биде Bleached Coral и не случајно.

Со ова тие сакаат да свртат внимание на тоа дека на Големиот корален гребен, преку 45% од коралите умреле во последните три години. Со тоа, опасноста од исчезнување на коралните гребени е голема, а нијансата што тие ја предлагаат, би била свртување на вниманието кон овој проблем.

Во контекст на ова оди и податокот дека 30% од коралите на Големиот гребен се убиени од големиот морски топлотен бран од 2016 година, а дополнителни 20% умреле во 2017 година. Податоци за минатата година се уште нема, но креативната двојка смета дека податоците нема да бидат многу позитивни .

„Бренд влијантелен како „Пантон“, не смее да си дозволи неодговорни одлуки. Тие би требало да заземат став за проблемите со кои се соочува општеството и светот, како климатските промени и да го користат својот глас за да поттикнат позитивни промени, а изборот на Бојата на годината за 2019 е токму спротивното, оттаму и нашиот предлог за 2020 година“, вела Хју Јин Вонг и Џек Раилтон Вудкок.

Од друга страна, потпретседателката на Институтот за боја, Лори Пресман, во март годинава на есен семинар во Лас Вегас откри дека бојата за 2020 ќе биде инспирирана од морето и дека сините нијанси ќе бидат во фокусот.

Дали се работи за истата нијанса и  дали „Пантон“ ќе има слух за оваа идеја или предупредување, останува да видиме за неколку месеци.

Објавено:
3 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
228 пати