Bottega Veneta нуди доживотна гаранција за своите чанти и овозможува на своите клиенти бесплатни поправки

3 ноември 2022

Почнувајќи од овој месец, модниот бренд Bottega Veneta нуди доживотна гаранција за своите ултра популарни чанти и на своите клиенти им овозможува бесплатни поправки преку програмата „Certificate of Craft" вклучува услуга за нега на торби, нивно неограничено освежување и поправка.

Фото: elle.rs

Bottega Veneta е посветен на својата визија за висококвалитетен луксуз и со овој потег дефинитивно го потврдува тоа.

„Certificate of Craft се роди од желбата на нашите клиенти да им понудиме супериорна услуга за долгорочно зачувување на нивните производи. Фокусирани сме на одговорен раст. Нашата намера е да ја продолжиме употребата на производите, намалувајќи ја потребата за замена... Нашата визија останува конзистентна со онаа на еден од нашите основачи. Идејата на Bottega Veneta е да ја претстави највисоката и најпрефинета форма на луксуз. За изработка на нашите производи броиме денови, а не часови. Дизајнирани се да траат вечно", изјави директорот на брендот Лео Ронгоне.

Така, од овој ноември, секоја торба Bottega Veneta доаѓа со физичка и дигитална картичка означена со единствен сериски број поврзан со програмата „Certificate of Craft".

Објавено:
3 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
402 пати