Божиќ, летни температури и многу бои- Вог Бразил со фасцинантен едиторијал

21 декември 2013

 

Сите знаеме дека Бразил новогодишните и божиќните празници ги минува уживајќи во летните температури, но тоа не го спречи магазинот Вог, да не израдува со одличен „зимски“ едиторијал за месец декември.

 

 

Топ моделот Алин Вебер е неуморната и фасцинантна помошничка на Дедо Мраз, на која оваа година и припадна честа да доделува подароци. Секој кадар е во уникатен празничен стил, а убавицата има куп спектакуларно спакувани подароци во секакви големини.

 

 

Весело и празнично чувство носат аутфитите на Алин, во кои можеме да ги препознаеме дизајнерските креации на многу модни куќи како Диор, Ланвин, Оскар де ла Рента и други. Дизајните се невообичаени, светли и мошне колоритни. Преовладуваат раскошните коктел и долги фустани со интересен дизајн, надополнети со фасцинантни модели на шапки и масивни парчиња накит. За стајлинзите се погрижи Даниел Веда.

 

 

Магичните фотографии од едиторијалот ги изработи Зиј Нунес. Белата ефектна кратка фризура и шминката со акцент на очите се дело на вештите раце на Силвио Џорџо.

 

 

 

 

Објавено:
21 декември 2013
Категорија: 
Актуел