Брајан Адамс ќе биде задолжен за фотографиите на „Пирели“ календарот за 2022

11 јуни 2021

После една година пауза, „Пирели“ е во подготовка на новиот календар.

Овој пат, зад објективот ќе биде познатиот музичар и уметник, Брајан Адамс, вест која на многумина им го привлече вниманието. Воедно, од „Пирели“ соопштија дека ќе имаат уште неколку новини. 

Адамс го сподели задоволството за новиот проект и на својот Инстаграм профил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bryan Adams (@bryanadams)

 „Горд сум што можам да откријам дека ќе бидат фотографот за Пирели Календарот за 2022 година. Повеќе информации за овој возбудлив проект, очекувајте летово“, вели пејачот.

За потсетување, ова не е првпат Адамс да се најде зад објективот. Мик Џегер, Џон Боег, Ејми Вајнхаус, Наоми Кембел се само дел од славните личности кои ги фотографирал, а токму на Брајан му припадна честа да го овековечи зланиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

Освен „Пирели“ календарот, следната година кој ќе го објави и својот 15 албум, така што ќе биде значајна година за музичарот кој досега освоил три Оскари, пет Златни глобуси и една Греми награда.

Објавено:
11 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
128 пати
Тагови: 
Брајан Адамс