Браво за оваа реклама!

3 мај 2017

Секој од нас би требало да наздрави за новата кампања на Хајнекен која се занимава со политика, полова еднаквост. Едноставен пристап, внимателно избрани учесници кои зборуваат од свое лично име за прашања кои не засегаат. Еден вид тест на хуманост, тест на карактер и способноста колку можеме да се менуваме, секако на подобро. Оваа нова кампања #OpenYourWorld не е ни одблизу слична на претходните нивни реклами, но е човечна и брилијантна. Одат дотаму што некои несогласувања како што се климатските промени, правата на трансполовите луѓе, ги истакнуваат храбро и доследно. Погледнете како реагираат кога истите учесници ќе се сретнат за прв пат меѓу себе и како комуницираат. Навистина одлична реклама!

Напомена: За да го погледнете видеото мора да потврдите дека сте полнолетни.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
208 пати