Бред Пит изгради 109 куќи за настраданите од Катрина

18 август 2015

Месецов се одбележува 10 – годишнината од катастрофалниот ураган Катрина кој ги остави жителите на Њу Орлеанс без своите домови. Оваа годишнина, никој не ја чекаше повеќе од Бред Пит. 

Изминатите 10 години заедно со тим од некои од најдобрите архитекти и градежници, тој направи нови домови за сите оние што ги загубија своите живеалишта назад во 2005 – тата година. 

„Во овој проект влеговме сосема наивно, не можевме да поверуваме дека е можно повторно да изградиме нови домови за сите овие семејства. Денеска, многу сум горд кога ја гледам оваа оаза од бои и соларни панели... Понекогаш се возам низ ова соседство и застанувам да ги прашам луѓето како новите куќи се однесуваат со нив и колкава им е сега сметката за струја. Кога ќе ми кажат некоја симболична цена, се чувствувам фантастично“, вели актерот. 

За целиот проект ќе каже дека бил многу потежок од она што тој мислел. Но, тоа не го спречило во намерата да изгради вкупно 109 колоритни, еколошки домови за оние семејства кои по Катрина останаа со рушевини зад себе. 

Актерот ја искористи неговата слава за да во тимот собере некои од најдобрите светски архитекти кои се познати по изградбата на еколошки и футуристички домови со многу предности. 

Денеска, ова соседство во Њу Орлеанс стана вистинска туристичка атракција. 

„Семејствата и луѓето што живеат овде се оние кои сами си ги дизајнираа домовите. Тие имаа избори пред нив. Ги одбраа куќите што им одговараа на нивните потреби. Тие сами ги одбраа боите во кои ќе живеат“, вели ѕвездата на World War Z. 

 

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.058 пати