Брендот Оскар де ла Рента на удар на ПЕТА

6 ноември 2015

Не е првпат здружението за заштита на животни ПЕТА да упати обвиненија кон познати брендови. Овој пат на удар се најде модната куќа Оскар де ла Рента.

ПЕТА добија пријава, по што реагираа на чевлите што излегоа од овој бренд, а се изработени од животинска кожа. На декларациите на обувките стои дека се направени од кожата на слон. Од управата на ПЕТА порачаа дека поради колекцијата дневно се жртвуваат и стотици слонови.

Челните луѓе пак на модната куќа одбиваат било каква поврзаност со овој случај и остро ги отфрлаат обвиненијата. Тие порачуваат дека се работи за грешка. Корпорацијата Gilt Groupe, во чија сопственост е и Оскар де ла Рента, ја увиде грешката на декларацијата и оттаму велат дека сè ќе исправат.

Што ќе се случи понатаму и дали навистина се работи за грешка или само прикривање на суровата вистина, останува да видиме.

Објавено:
6 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
620 пати