Британскиот Вог за следниот месец се одлучи не на една, туку на пет различни насловни. Модели, активисти и креативци кои имаат одредена попреченост се главните актери пред објективот.
Престижниот магазин се одлучи на овој чекор со цел да се поттикне понатамошна дискусија за поголемо вклучување на овие луѓе во медиумите и општеството во целост.
Насловната The Reframing Fashion: Dynamic, Daring & Disabled ја предводи активистката Синеад Бурк, а заедно со неа се и актерката Селма Блер, изведувачката на знаковен јазик Џастина Мајлс и моделите Арон Роуз Филип и Ели Голдстајн.
Според главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул, кој ја презеде оваа функција во 2017 година, новиот број на списанието зборува за тоа како модната индустрија може да помогне за поголема инклузија.
Сите ние сме вклучени во модата, но дали модата ги вклучува сите? Тоа е прашањето што треба да си го поставиме сите.
Дури 19 таленти со одреден хендикеп ја раскажуваат својата приказна низ страниците на мајскиот Вог.
Магазинот исто така работеше со Британскиот Национален Институтот за слепи за изданијата со Брајова азбука со што списанието ќе биде достапно и за луѓето со оштетен вид, а ќе има и своја аудио верзија.
Фото: Vogue