Брод што тоне: сложена љубов во едноставна композиција

23 декември 2014

Љубовната приказна на бродот што тоне во која се пронајдоа многумина, а ја испеа Тамара Тодевска,  доби и својата сликовита видео верзија. Во темен и мистичен амбиент се преплетуваат неколку машки и женски силуети, а Тамара со својот извонреден вокал преку стихови ја комплетира популарната  балада.

Матичната куќа на пејачката, Горила Филмс е продуцент на записот кој се снимаше на главната сцена во МНТ. Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов, а кореографијата на танчарите ја осмисли Олга Панго. Впечатливите танци ги изведуваат врвни македонски балетски играчи,  како директор на фотографија на спотот се потпишува Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.

Во компактен спој со едноставната сцена, темното светло и тематиката на нумерата, Тамара е облечена во минималистичка елегантна комбинација од класично црно сако во машки крој, споено со тесни црни панталони. Изгледот е финализиран со строго измазнета фризура и нежна шминка.

Погледнете!

 

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Актуел