Бруклин Бекам ја сними својата прва модна кампања

12 јануари 2015

bb_3159629a

Петнаесетгодишниот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин тргна по стапките на помладиот брат Ромео. Откако го имаше своето модно деби во фото-сесија за Man About Town магазинот минатиот април, прашање на време беше кога Бруклин ќе се појави во модна кампања.

Епа најуспешниот полски бренд Reserved се погрижи тоа да биде токму сега и го ангажираше за нивно заштитно лице.

Комплетната кампања ќе се појави следниот месец, а Бруклин во неа е момчето од постер што на себе носи парчиња од колекцијата насловена како Volcano Explosion (Вулканска експлозија), во која спортската облека се комбинира со трендовската и дизајнерска, наменета за оние што имаат активен начин на живот и го сакаат спортот.

bb2_3159626a

Како пренесува Harper’s Bazaar, тоа е идеална комбинација за тинејџер кој е вљубен во фудбалот и кој сака да ги следи стапките на својот татко, да стане професионален фудбалер.

Бруклин на својот Инстаграм профил откри неколку фотографии од тоа како течело снимањето на кампањата, кое се одвиваше во Лондон, со едноставен и скромен коментар: „Се надевам ви се допаѓа“.

bb1_3159627a

Колкава е  заработувачката на познатиот тинејџер од оваа соработка, сè уште никаде не се спомнува. За потсетување, неговиот помал брат Ромео (12) се појави во две кампањи за британскиот бренд Барбери, за што доби чек од 45.000 фунти, за осумчасовен ангажман.

maxresdefault

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Актуел