Булгари прослави 130 години постоење

13 ноември 2014

Булгари вчеравечер во еден од хотелите в Њујорк, со луксузна вечера послави 130 години постоење. Претседателот на брендот Алберто Феста беше воедно и домаќин на вечерта, пречекувајќи ги почесните гости Лин Вaјат (од Houston) и Симон Донан (од Barneys). И двајцата се појавија во кожни јакни – Донан во јакна на Сен Лоран, а Вајaт се одлучи за Ралф Пучи.

-Булгари ме викнаа да дојдам и да прочитам дел од мојата нова книга The Asylum и си помислив, морам да облечам нешто прекрасно. Не беше тежок изборот. Зборував малку сам со себе и на крај се одлучив за ова што го гледате – вели Донан.

Освен нив двајца, на забавата беа присутни и Стефано Тончи, Ен ФУленвајдер, Марк Холгејт, Карла Мартинез де Салас, Мајкл Карл, Кајли Андерсон и многу други...

Погледнете:

Објавено:
13 ноември 2014
Категорија: 
Актуел