Бутикот „Хилари“ во Приштина е ултра популарен!

28 октомври 2016

Хилари Клинтон важи за една од најдобро облечените жени во светот, па воопшто не е чудно што многумина го „слават“ нејзиното чувство за стил.

Во нејзина чест, Елда Морина реши да отвори бутик кој нормално го носи името Хилари во центарот на Приштина.

За приказната да биде уште поинтересна, самата Хилари во 2012 го посетила бутикот кога и бил подарен и темно син костим како благодарност.

Во бутикот ќе најдете претежно женски костими со панталони и здолништа во разни бои по кои Хилари е впрочем и позната.

„Почнавме да го промовираме стилот на Хилари и во Косово, сакајќи да им овозможиме на нашите жени идентични парчиња како оние што ги носи Хилари“, вели сопственичката Елда.

Елда додава дека едноставно ја обожува Хилари, заедно со нејзиниот стил и сето она што таа го прави.

„Таа не е само личност која заедно со семејството му помогна многу на Косово, туку таа е една посебна жена со посебен стил. Токму затоа почнавме да го промовираме стилот на Хилари на Косово, нудејќи им на жените идентични парчиња како оние на Хилари“, вели Елда.

Таа раскажува и дека откако самата Хилари ја посетила продавницата во 2012 – та година, тие станале уште попознати и нивниот бизнис вистински се проширил.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.502 пати