Пред извесно време имавме можност да ги видиме првите фотографии од соработката помеѓу „Кензо“ и H&M со Иман Боуви, The Rapper, Клои Севини...

Но, вчера излегоа сите фотографии од лукбукот за нивната заедничка фотографија. Како што и беше најавено, колекцијата е исполнета со неонски бои! Зебра принтот е споен со леопард принтот, а покрај нив, има парчиња и со етно мотиви, риги, необични цветови.... Идеално за љубителите на еклектичниот стил.

За фотографиите е задолжен Жан Пол Гуд, а за потсетување, колекцијата ќе биде достапна за продажба од 3-ти ноември.

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.155 пати