Converse во бои на виножитото

18 мај 2016

Во чест на LGBT месецот, „Converse“ лансираше посебна колекција на легендарните старки во бои на виножитото.

 Новата „Pride“колекција е составена од ниски и високи Chuck Taylor патики, при што се користени шарени ѕвезди и точки. Пораката е да се прифатат луѓето онакви какви што се.

Цената на патиките во боја на виножито се движи од 65 до 85 долари. Брендот одлучи да ги изненади своите верни купувачи, па направија и опција со која самите можат да дизајнираат патики и да ги комбинираат боите и шарите.

Покрај патиките што имаат гумен ѓон, колекцијата содржи и маици со натписи: „Proud to be“ и „Thanks for coming out“.

Објавено:
18 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
326 пати