Ако минатата сезона Coperni ја испрска својата муза во бел спреј што магично се претвори во фустан, годинава публиката се изненади од интеракцијата на моделите со роботи кучиња.
За време на модната недела во Париз, Себастијан Мејер и Арно Вајлан Коперни прикажаа вистинско шоу со нивната колекција есен/зима 2023. Дизајнерското дуо уште еднаш ги спои модата и технологијата.
Главната протагонистака овој пат беше Ријан ван Ромпеј и неколку кучиња роботи произведени од компанијата Бостон Динамикс.
Според дизајнерите оваа колекција е модерен мит за односот помеѓу човекот и технологијата, со недежен позитивен исход за иднината.
Визијата на Коперни е дека не постои владетел и потчинет. Луѓето и машините можат да живеат во хармонија.
Петте црно-жолти, роботи кучиња слободно се движеа по пистата, а шоуто кулминираше кога познатиот модел се наведна и "кучето" ѝ го извади палтото, откривајќи го малиот црн фустан на нејзиното тело.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Facebook