Црн коктел фустан е секогаш добра идеја: Вера Мештеровиќ прекрасна во ЕЛЕНА ЛУКА

27 мај 2022

Трендовите се менуваат, но црниот фустан останува вечен.

ЕЛЕНА ЛУКА ја стилизираше Вера Мештеровиќ токму во еден таков безвременски модел на елегантен коктел црн фустан, ексклузивно парче од новиот свечен програм на брендот. Изглед што несомнено ги освојува сите погледи.

Ако се подготвувате за свечена пригода или едноставно овој викенд сакате на себе да облечете елеганција со која ќе покажете стилска доминација, следете го примерот на ЕЛЕНА ЛУКА и нејзината визија како една дама како Вера Мештеровиќ треба да изгледа за пролетна или летна свеченост.

Овој модел на коктел фустан ги обединува актуелните тенденции и безвременската елеганција. Во крој што ја дефинира женската силуета, со корсетиран горен дел акцентиран со паспули, ова е коктел фустанот што ѝ дава предност на женственоста. Надополнет со елегантни црни сандали и плико чанта брендирана со логото на ЕЛЕНА ЛУКА, го имаме перфектниот свечен стајлинг што лесно може да се адаптира во стилот на секоја дама.

Објавено:
27 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.656 пати