Црни сценарија за текстилната индустрија во нашата земја

5 ноември 2013

За период од половина година, 1.300 работници во текстилната индустрија во Македонија останаа без своите работни места, а од друга страна текстилиците посочуваат дека имаат проблем со неквалификувана работна сила што го отвора прашањето за дополнителна едукација на вработените.

Како причина за отказите се наведуваат намалените нарачки од странство и неатрактивноста на оваа индустрија пред се поради застарената технологија и ниските плати.

Во овој сектор има околу 1.000 активни друштва, во најголем дел организирани како мали и средни претпријатија со 40.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата. Текстилот учествува со 2 отсто во БДП, или со 8 отсто во делот од БДП на преработувачката индустрија, а во вкупниот извоз учествува со 16,7 отсто.

 

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Актуел