Црномурестата Ајак Денг тргната од ревија на Балман?

1 март 2014

За кратко време по објавувањето на постот, форумите беа полни со коментари и критики, но најмногу од се за подршка на црномурестата манекенка. И покрај големите напори, модната индустрија се уште нема воспоставено еднаков однос на девојките според различната боја на кожата и токму затоа, кампањата која минатиот септември беше финансирана од Наоми Кемпбел и Иман предизвика големо внимание на оваа тема.

Кратко по првиот пост, Ајак продолжи со вулгарни критики кои не знаеме дали се издржани поради тоа што од модната куќа ниту од нејзината матична модна агенција се уште немаат излезено со официјално соопштение. За сега не се позната главната причина за обвинувањата и дали манекенката дошла до некакво недоразбирање со Оливие Рустен.

Исто така на ревијата на Балман која се одржа пред два дена во Париз се појавија дури осум црномурести модели, а ревијата ја отвори познатата Џордан Дан. Токму поради тоа,  сега за сега обвинувањата на црномурестиот модел изгледаат неосновани, а како ова ќе влијае на нејзината понатамошна кариета, останува да видиме.

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Актуел