Ниту Кара Делевињ, ниту Карли Клос не се најинтригантните моделки на актуленото големо модно патување низ четирите модни метрополи: од Њујорк до Лондон, а сега и во Милано и со истите очекувања за Париз, туку оваа сезона на модните писти „распалија“ црвенокосите манекенки.
Marc by Marc Jacobs
Во модната индустрија се повеќе се бара специфичен и неповторлив изглед, а „огнените“ девојќи токму тоа им го нудат на дизајнерите. Една од најангажираните моделки за време на актуелните модни недели е Наталија Вестлинг, која со интензивната црвена боја на косата беше предизвик за дизајнерите и модни брендови како: Вера Ванг, Prabal Gurung и Marc by Marc Jacobs.
Седумнаесет годишната аризонка, која е природна блондинка, за прв пат ја бојадисала својата коса за потребите на пролетната рекламна кампања за 2014 на Марк Џејкобс. Иако ова за неа бил ризичен чекор, бидејќи поради специфичната боја би можела да изгуби одредени професионални ангажмани, сепак храбро го прифатила предизвикот кој очигледно на крај и се исплати.
Модна недела во Њујорк
Модна недела во Лондон
Prabal Gurung
Вера Ванг