Цветен пазар за јубилејната 20-годишнина на Марни

23 септември 2014

Заклучивме дека Миланската модна недела навистина ги надмина сите очекувања и како и секоја година понуди инвентивна програма која меѓу другото го вклучи и цветниот пазар кој го организираше Марни, насловен „Marni Flower Market“.

Џовани, Џани, Консуело,  и Каролина Кастиљони со Ренцо, Стефано и Андреа Росо. Џовани, Џани, Консуело, и Каролина Кастиљони со Ренцо, Стефано и Андреа Росо.

Во срцето на зградата „Rotonda della Besana“ која ја красат прекрасни градини, семејството Кастиљони организираше цветен пазар, свеченост со која ја прослави 20-годишнината од постоењето на брендот. Настанот беше целосно во знакот на цветовите. Можеа да се видат цветни композиции на чанти и облека сите потпишани од Марни вметнати во интересен цветен декор кој создаде една поинаква перцепција не само во поглед на модата, туку и уметноста.

Ана Дело Русо Ана Дело Русо

Беспрекорна организација и одлична идеја, се генералниот впечаток на сите кои дојдоа да бидат дел од цветната приказна на Марни и заедно да наздрават за 20-годишниот јубилеј.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Актуел