Цветни патики се хит за пролетната сезона
•
15 февруари 2016
Брендот Converse неодамна ја презентираше новата колекција патики, инспирирана повторно од Енди Ворхол. Овој пат се искористени цветните принтови, како и оние од крава односно бик, совршени за пролетната сезона.
-Енди Ворхол беше познат по неговата иновативна уметничка експресија. Тој беше и еден од првите што ги носеа легендарните патики Chuck Taylor, како платно за негова посебна уметност. Оваа соработка е славење на имагинацијата, индивидуалноста и уметничката експресија - велат од Converse.
Колекцијата се состои од четири модела, но новитет е што се направени и неколку маици.
Инаку, ова е трета соработка помеѓу брендот и фондацијата „Енди Ворхол“. Цените на продуктите се движат од 35 до 85 долари.