Дафне Гинис фантастична на новата насловна на магазинот „1883“

9 јули 2020

Прекрасната Дафне Гинис се најде на насловната страна на магазинот „1883“ и го привлече вниманието на јавноста.

Со раскошна коса, впечатлив накит и уште повпечатлива креација, таа уште еднаш покажа дека е една од најубавите и најфотогеничните жени кои некогаш се појавиле во модната индустрија.

Инаку, за овој фантастичен впечаток, во голема мера придонесува и фустанот што го носи, а кој го потпишува дизајнерката Ирис ван Харпен.

Се работи за „Galactic Glitch“ фустан, кој е создаден од принтана свила и има ефект на електрични бранови. Покрaj свила, употребена е и најфина тантела со илјадници хармоника бранови (0.5мм широчин), кои се сечени со ласер за да се добие таква прецизност.

Овој „ехо“ фустан на Харпен е вистинско уметничко дело, чија убавина максимално ја доловил фотографот Дилан Перлот.

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
354 пати
Тагови: 
Дафне Гинис