Познатата дизајнерка Дајан фон Фурстенбег неодамна имаше интервју за „Ројтерс“, а поводот е нејзината нова книга.
Делото го носи насловот: „Own It: The Secret to Life“, а дизајнерката низ страниците се потрудила да понуди совети од нејзиното искуство, како да се успее на модната сцена. Притоа, ова четиво не е наменето само за дизајнерите, туку и фотографите и стилистите.
View this post on Instagram
-Како луѓето ќе се облекуваат после пандемијата, зависи од самите нив. Од нивните потреби. Не од дизајнерите, туку од луѓето, бидејќи уличната сцена ја создава модата, а не дизајнерите. Карактерот е единственото нешто што не можеме да го изгубиме, единствено над него имаме контрола, останатото - како што се парите, здравјето, статусот, можеме да ги изгубиме“, смета Фурстенберг.
Оваа жена која го осмисли и лансирате фустанот на преклоп на кој многу жени ѝ се благодарни и создаде култно парче облека, упати уште еден совет.
View this post on Instagram
-Сите модни и други автори, нека ги препознаат своите лоши страни, односно треба да знаат на кој начин стануваат ранливи, па оттаму тоа ќе стане и нивната предност. А за оние пак што сакаат претспоставениот да ги забележи е да дојдете на работа први, а последни да си заминете.
Книгата ќе ја доживее својата премиера и ќе биде во продажба од 8 март годинава.