Овие денови целото внимание на светот е свртено кон новото прво семејство, особено кон првата дама Меланија Трамп која направи вистински бум со модните избори за инаугурациските свечености.
Таа промени неколку различни комбинации, сите подеднакво стилски и прекрасни, а покрај белиот фустан за инаугурацискиот бал, особен впечаток остави и со сината комбинација на модниот бренд Ралф Лорен.
Иако многумина не ја подржуваат новата прва дама на САД, се чини дека парчињата што ги одбра за најважниот ден и тоа како ќе остават впечаток.
По само еден ден од инаугурацијата, нежно сината боја на комбинацијата што Меланија Трамп ја носеше на дневните свечености стана апсолутен хит.
Иако оваа боја е навистина прекрасна и има многу девојки што обожуваат да ја носат, се чини нејзината популарност допрва доаѓа.
Интернетот буквално полуде по оваа боја, а модните брендови не заборавија да нѐ потсетат на сите прекрасни парчиња што може да ги набавите во оваа боја.
Погледнете!