Сивата боја на фејсбук

Дали Марк Цукерберг со сивите маички почнува да наликува на Стив Џобс?

15 септември 2015

Црните поло маички со години беа препознатлив аутфит на Стив Џобс. Марк Цукерберг полека, но сигурно се одлучил на слично решение.Тој отсекогаш велел дека неговата верност кон сивата боја има сличност со одлуките на Обама во однос на дневните стратешки одлуки кои се минималистички и ќе каже:

Се чувствувам како ништо да не сработувам во текот на денот, ако губам енергија за нешта кои за мене се неважни и тривијални.

Во моднитот свет ова се нарекува одбрана на „старите нешта“.

Како и Џобс претходно, Марк е самопрогласен отпадник во светот на модата, но сепак знае неколку работи кога станува збор за брендирањето, а тоа го прави преку градењето на својата империја наречена фејсбук.

Објавено:
15 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
716 пати