Дали ова е најзгодниот Дедо Мраз за 2016?

11 декември 2015

Ако мислевте дека и годинава ќе го чекаме оној буцкастиот Дедо Мраз во црвено – бела комбинација, овие фотографии нѝ го потврдуваат токму спротивното.

Тимот на трговскиот центар Yorkdale во Торонто направи одлична фотосесија со малку постар модел облечен во парчиња од светски дизајнери во кои Пол Мејсон изгледа навистина одлично.

Едиторијалот е снимен во просториите на трговскиот центар во Торонто, а овој „Дедо Мраз“ е вистинско освежување за празниците.

Поентата околу целиот овој едиторијал со „модниот“ Дедо Мраз е целосно хуманитарна. За секое едно селфи со него објавено на социјалните мрежи, трговскиот центар ќе донира од еден до 10.000 долари во Фондацијата на болни дечиња.

Погледнете!

Објавено:
11 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.646 пати