Дали Питер Дандас го напушта Емилио Пучи?

27 февруари 2014

Во модниот свет се по актуелни се „гласините“ за несогласувањата помеѓу модната куќа и норвешкиот дизајнер. Модниот перформанс кој што се одржа во рамките на Миланската модна недела беше последната колекција која што Дандас ја креираше за оваа етикета. Модната куќа веќе излезе со соопштение во јавноста дека се во потрага по нов креативен директор што ќе ја дизајнира новата Cruise колекција за 2015 година.

Според информациите до кои дојдоа медиумите, уздите како креативен директор на Пучи треба да ги преземе Гркинката Марија Катрантзу, која што пак, ја демантираше веста, бидејќи сака својата енергија да ја фокусира на создавањето на своја сопствена линија.

И Дандас веќе има резервна опција, а тоа е повторно да се врати во модната куќа на Роберто Кавали за која што и претходно работел. Дали тоа ќе биде конечната одлука и како навистина ќе се одвиваат работите сè уште нема официјални информации, ама норвешкиот дизајнер како и етикетата Емилио Пучи се надеваат на најдобар исход.

Објавено:
27 февруари 2014
Категорија: 
Актуел