Сатиричната референца во тукушто објавениот моден прилог на Стивен Мајзел за јунскиот број на италијански Vogue го отвора прашањето дали најпознатата супермоделка се потсмева на животниот стил на најпознатата ѕвезда на реалните шоуа. Во едиторијалот посветен на новите козметички третмани, Жизел е фотографирана како го изведува таканаречениот „вампирски третман“, ист како оној што пред неколку месеци го направи Ким, а подоцна и беше исмејувана поради нејзината „крвава“ желба да остане млада.
Мора да се признае дека серијата фотографии на Стивен Мајзел и другите теми во изданието посветено на здравје и убавина на сатиричен начин ги допира темите на бројните пластични операции, новата опсесија со старо-нови бјути-процедури како онаа со чашки и други бизарни третмани кои се популарни кај холивудските ѕвезди. Мајзел преку модните фотографии извонредно го иронизира животот на размазените богаташки кои лакомо изведуваат козметички третмани во кои многу чето претеруваат.